Тој постојано ја изневерува, таа го брани дека вежбал со други - Мирка Васиљевиќ е вљубена во фудбалерот, кој не ја запросува и по 4 деца
- Детали
- сабота, 06 септември 2025
Во минатото осамнаа фотографии од Вујадин Савиќ со друга жена, тој дури држeше друга жена во раце, а Мирка шеговито изјави: „Тој беше на фотографиите, но што сега, Боже мој... се вежбаше“.

Односот на српската актерка Мирка Васиљевиќ и фудбалерот Вујадин Савиќ со години ја интригира јавноста.

Нивната љубов, која започнала уште во младоста, поминала низ бројни подеми и падови, а особено внимание во медиумите привлекуваат приказните за неверствата направени од страна на згодниот спортист.

Иако никогаш не застанале пред матичар, со години живеат во заедница, имаат четири деца, а Мирка изгледа научила како да функционира со оглед на околностите.

Особено внимание предизвика ситуацијата кога пред неколку години во јавноста се појавија фотографии на Вујадин во интимна прегратка со друга жена.
По ноќно излегување, тој беше сликан како носи непозната девојка во прегратка, додека Мирка била дома со децата.

Наместо крај на љубовта и скандал, актерката ги изненади сите со смирен и духовит коментар:
„Тој навистина беше на фотографиите, тоа е факт, но мораше да вежба.
Тоа е тема за која не сакав да зборувам за медиумите бидејќи медиумите се седма сила, а со сила не треба многу да се игра... Тој беше на фотографиите, но што сега, Боже мој... се вежбаше“.

Мирка еднаш гостувајќи во емисијата „Амиџи шоу“, на прашањето со која позната личност не би смеела да го остави Вујадин ниту две минути, одговори низ смеа:
„Го имаме видено Вујадин во секакви ситуации, со многу би можела, па еднаш се живее. Ако тоа ми е најголем проблем во животот, еххх“.

