Саша Матиќ ѝ прослави 18-ти роденден на ќерката во Сава центар - раскошна забава како свадба со 700 гости и огромна торта
- Детали
- петок, 12 септември 2025
Цветен ѕид со името Тара, прв меѓу гостите беше Саша Ковачевиќ, па Јована и Жељко Јоксимовиќ. Многу раскош на роденденската прослава во Сава центар, каде славеничката, која е успешен модел, го имаше својот бал од соништата - Саша Матиќ очигледно не штеди кога се неговите ќерки во прашање.

Вчеравечер (11.09) пејачот Саша Матиќ ѝ го прослави 18-тиот роденден на неговата ќерка Тара во Сава центар.
Сава центар е еден од најпознатите и најголеми конгресни, културни и деловни центри во Србија и пошироко на Балканот. Се наоѓа во Белград.

Семејството блескаше со елеганција на настанот, а највпечатлива беше славеничката во долга златна тоалета, како и во кусо светкаво фустанче потоа.


Но, со гламурозниот изглед ни малку не заостануваше ниту нејзината сестра Александра, која носеше сребрен фустан, како и сопругата на Саша, Анѓелија, која се одлучи за долг зелен фустан.

Роденденот бил во Сава центар со 700 гости, со импозантна декорација и огромна торта, буквално како свадба.
