Саша Ковачевиќ ќе стане татко, неговата свршеница Зорана е бремена со второ дете
- Детали
- вторник, 07 април 2026
Парот се сврши во октомври 2025, а Саша постојано истакнува дека би сакал да има свое биолошко дете со саканата Зорана, која веќе има ќерка од првиот брак.

Саша Ковачевиќ, миленикот на публиката од цел регион, наскоро ќе стане татко. Неговата свршеница, Зорана Тасовац е бремена со нивното прво дете.
Веста за бременоста ја откри српски Блиц, кој се повикува на свои извори.

Ова ќе биде прво дете на парот.
Зорана веќе има ќерка, Искра, од својот прв брак со Богдан Срејовиќ, но Саша и малата Искра се многу блиски, па тој понекогаш знае да каже дека би сакал таа да е негово биолошко дете.

Саша и Зорана беа во врска 8 години пред тој да ја запроси, минатата година во октомври.
Тој клекна на колено на плажа, со прстен од 10.000 евра, како што пренесоа тогаш регионалните медиуми.

А. Ј. | Црнобело
