Пејачката Катарина Живковиќ за борбата за потомство: „Јас бев една од жените што имаат проблем со зачнување“
- Детали
- понеделник, 22 септември 2025
„Се борев за потомство многу долго, толку што дури и кога направив тест за бременост, не очекував дека ќе биде позитивен. Можеби ќе звучи лудо, но жените што поминуваат низ ова ќе ме разберат. На секои два дена правев тестови“, вели Катарина Живковиќ, која денес е мајка на 1-годишен син.

Катарина Живковиќ (36) во август 2024-та се реализираше во улогата на мајка, но за српските медиуми изјави дека не сака да го експонира својот партнер, со кого го доби синот Стефан.
Таа за својата борба за потомство јавно зборува.
Катарина сега изјави дека дури и не била свесна колку жени се борат да станат мајки.

Нејзината изјава за српските медиуми гласи:
„Ја објавив песната „Ангел мој мал“, тоа е моја лична песна и не знаев дека ќе биде толку убаво прифатена.
Но, многу ме растажи фактот колку жени всушност имаат проблем со зачнување.
И јас бев една од нив и добив толку многу пораки на поддршка и прекрасни коментари, каде што велат дека токму таа песна им дала сила и ветер во грб да не се откажат.
Особено кога јавно почнав да зборувам за проблемот што го имав, кога му се заблагодарив на Бог за дарот што ми го подари.

Секој од нас треба да го прави тоа што го исполнува и не треба да го запоставува својот живот и хоби, да тренира, да се храни здраво.
Мислам дека тоа е многу важно, бидејќи ако вие сте добро, тогаш се добри и луѓето околу вас, особено вашите деца.

Нашата професија (музиката) е многу креативна и мислам дека можеме да им посветиме многу повеќе време на децата.

Јас навистина се трудам да бидам што повеќе со моето дете. Детето ја чувствува вашата енергија, и кога јас работам на себе, автоматски и моето дете е среќно“.

За веста дека забременила, Катарина вели:
„Се борев за потомство многу долго, толку што дури и кога направив тест за бременост, не очекував дека ќе биде позитивен.
Повторно бев подготвена на разочарување, на тоа бев навикната. Ама ете... Кога го видов позитивниот тест, не можев да поверувам на сопствените очи.
