Ален е дете родено од силување во војната во БиХ: „Го најдов биолошкиот татко и го прашав зошто ја силувал мајка ми“
Тој признал дека очекувал да види каење кај биолошкиот татко, но го доживеал спротивното.
„Тој е тврдоглав до ден-денес, како да се гордее. Јас не отидов да го убијам, дојдов да поразговарам со него, но сфатив дека не вреди, зашто тој негира дека направил нешто.
Не ме интересира неговиот имот - сакав да најдам мир и успеав во тоа“, додал Ален.

И со биолошката мајка, која го оставила 2 дена по раѓањето, има комплексен однос, но вели, со текот на времето ѝ простил.
Кога дознал која е таа, ја осудувал, но откако ја запознал сопругата, па и самиот станал татко, горчливото чувство поминало.
„Барав оправдување за она што го направила. На крајот, ѝ простив и мислам дека сум во право бидејќи и самиот се ослободив“, рекол тој.

Мајка си ја запознал во Сараево и иако средбата била емотивна, не продолжиле да комуницираат.
„Не сме се слушнале речиси 10 години по средбата, но сепак постои надеж дека повторно ќе се сретнеме еден ден.
Таа има свое семејство и никогаш не би си дозволил да бидам причина нејзиното семејство да се распадне поради мене,“ признал тој.
На средбата, таа му рекла дека е „ист како татко му“.
„Тоа беше еден од најтешките моменти во мојот живот. Ја замислував како поинаква жена, весела, жена која би се насмевнала кога ќе ме види, а видов лице на жена полна со брчки и нејзината прва реченица ме собори“, вели Ален.

Погледнете го целото интервју:
А. Ј. | Црнобело
