Велат дека е поубава од сестра ѝ, во брак е со познат спортист - Која е сестрата на Данијела Димитровска?
- Детали
- сабота, 11 октомври 2025
Ретко кој знае дека манекенката, инфлуенсерка и деловна жена, Данијела Димитровска има помала сестра, Ивана.

Додека Данијела е постојано во медиумите, и поради својата работа, но и поради приватниот живот и љубовните врски, Ивана настојува да се држи подалеку од јавноста.
Сепак, таа повремено објавува фотографии со својата позната сестра на социјалните мрежи, а некои велат дека Ивана дури и поубава од својата постара сестра Данијела.

Двете дами се згодни, имаат полни усни, изразени јаболчици, а сепак не личат многу една на друга.
Се разликуваат и по висината, но и по бојата на косата - Данијела има костенлива боја, додека Ивана е русокоса.

Таа е осум години во брак со некогашниот спортист, а сега тренер по одбојка, Ивица Јевтиќ.
Парот има две деца, синот Реља (9) и двегодишна ќерка, Бјанка.
Инаку, Ивана е психолог по професија и понекогаш споделува психолошки совети преку социјалните мрежи.
Преку својот Инстаграм знае да сподели и совети за вежбање и здрав начин на живот.

Погледнете повеќе фотографии од Ивана:
