Сопругот на Мирка Васиљевиќ, фудбалерот Вујадин Савиќ среде брутален скандал со неверство, избркан од „Црвена звезда“
- Детали
- вторник, 14 октомври 2025
Некогашниот фудбалер Вујадин Савиќ и син на легендарниот Дуле Савиќ повеќе не е дел од стручниот штаб на „Црвена звезда“. Наводно станува за огромен секс скандал и брутална афера, најголема досега во низата што ѝ ја приреди на актерката Мирка Васиљевиќ со која е 16 години во врска и има 4 деца.

Некогашниот фудбалер Вујадин Савиќ повеќе не е дел од стручниот штаб на „Црвена звезда“, пишуваат српските медиуми.
Според информациите, причините за прекинот на соработката не се од спортска природа.
Савиќ во изминатиот период се соочувал со приватни проблеми и скандали, поради што, во договор со клубот, било проценето дека е најдобро привремено да се повлече и да се посвети на решавање на личните прашања.

Наводно станува збор за уцена со секс снимка од хомосексуална природа, но ова се само гласини кои кружат во српските медиуми.
Поранешниот капитен на „Црвена звезда“ не присуствувал на последните тренинзи на тимот, каде што имаше улога на помошник на шефот на стручниот штаб, Владан Милојевиќ.
Инаку, Савиќ веднаш по завршувањето на играчката кариера започна тренерска кариера и стана дел од стручниот штаб.
Тој е син на легендата на „Црвена звезда“, Душан Дуле Савиќ, и важи за еден од ретките поранешни играчи кои брзо преминаа во тренерските редови на матичниот клуб.
Инаку, во врска е со актерката Мирка Васиљевиќ со која има 4 деца и постојано ја изневерува.

Актерката Мирка Васиљевиќ и фудбалерот Вујадин Савиќ се во врска веќе 16 години, а првпат станаа родители во 2011 година, кога го добија синот Андреј.
Потоа се родија Андријана и Михајло, а најмладата Аника дојде на свет во 2021 година.
Актерката и фудбалерот никогаш не придавале значење на официјализирањето на нивната врска, бидејќи, како што Мирка неколкупати истакнала за домашните медиуми, уште од почетокот ја доживувале својата врска како сериозна, а досега не организирале свадба бидејќи честите преселби не им дозволувале тоа да им биде приоритет.

Како се запознале Мирка и Вујадин?
Според зборовите на популарната актерка, се знаеле од мали.
„Верувале или не, животот има чудни патишта - тој зимувал на Златибор, каде што има викендица. И јас исто така одев на Златибор и некако како деца често се дружевме.
После тоа играв фолклор и имав проби во неговото училиште и таму се разминуваме.
Истата генерација сме, излегувавме заедно, а подоцна одевме и во средно училиште, така што малку по малку постојано му бев пред очи. Имавме убав однос.
Љубовта се појави многу подоцна, кога имавме по 19 години.
