Чудната реакција на Мирка Васиљевиќ додека сопругот минува низ скандал со уцени од трансродова личност
- Детали
- вторник, 21 октомври 2025
По апсењето, трансродовата личност е сместена во машкиот дел од Централниот затвор во Белград затоа што не ја завршила транзицијата, односно во официјалните документи не ѝ променет полот. Мирка, иако треба да сведочи, во моментов сака да се тргне од сè.
Tрансродовата личност А. К. е на средната фотка горе
Актерката Мирка Васиљевиќ се огласи на Инстаграм среде скандалот со нејзиниот сопруг Вујадин Савиќ и трансродовата личност А. К. (21).
Tрансродовата личност А. К.
Во екот на скандалот поврзан со Вујадин Савиќ, Мирка прво објави фотографии од себеси од стара фотосесија, а потоа рецепт за смути.
„Брза и едноставна ужина која често ја носам со себе. Блендирам: свежо и/или замрзнато овошје кое го имам во фрижидерот, растително млеко, додавам листови кокос одозгора...“

Во меѓувреме додека Мирка сака да се тргне на страна, скандалот се продлабочува, затоа што според српските медиуми Вујадин токму неа ја предложил за сведок.
„Вујадин при поднесувањето на пријавата ја предложи Мирка Васиљевиќ и уште едно лице како сведоци, наведувајќи дека имаат непосредни сознанија за тоа што го правела осомничената. Тие, според него, биле сведоци низ што минувал додека бил наводно уценуван“.

Бидејќи е еден од двајцата предложени сведоци, Мирка треба да биде сослушана во рок од шест месеци, што е законскиот рок за притворски предмет, пишуваат српските медиуми.

Доколку таа има оправдано отсуство, сослушувањето може да се одложи, но ако подолго време не се појави, обвинителството може да се откаже од нејзиното сведочење.