Мирка Васиљевиќ заврши во болница, по уцените од трансродова личност со интимни снимки со нејзиниот сопруг
- Детали
- среда, 15 октомври 2025
„Мирка е под огромен психички притисок поради секојдневните информации кои излегуваат во јавноста за случајот со Вујадин“. Трансродовата личност што го уценува со интимни снимки Вујадин Савиќ доби 30 дена притвор, откако тој ја пријави за уцена.

Актерката Мирка Васиљевиќ заврши во болница поради проблеми со притисокот, по скандалите со нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Вујадин Савиќ, кој беше избркан и од тимот на „Црвена Звезда“ поради целата ситуација.

Мирка Васиљевиќ самата побарала лекарска помош поради нагло покачување на крвниот притисок, а на влошувањето на нејзината здравствена состојба влијаеле проблемите во кои се нашол нејзиниот сопруг.
„Мирка е под огромен психички притисок поради секојдневните информации кои излегуваат во јавноста за случајот со Вујадин“, пишуваат српските медиуми.
Иако е позната по своето смирено однесување и професионалност, ситуацијата која последниве денови се одвива околу нејзиниот партнер очигледно оставила последици врз нејзиното здравје.
Полицијата во Србија ја уапси трансродова личност Алекс Корач (21), која го уценувала Вујадин Савиќ со приватни снимки и фотографии.


Алекс побарала од Вујадин 50.000 евра за да не ги објави снимките и фотографиите во јавноста.

Инаку, Вујадин Савиќ бил сослушан во постапката што се води против Алекс.
„Сослушувањето се одржа на 8 октомври во 13:30 часот. Вујадин дојде во присуство на својот адвокат и остана околу два часа во Третото основно обвинителство. Притоа, ја изнесе својата страна на приказната“, пренесуваат српските медиуми.
На Корач ѝ е одреден притвор од 30 дена поради опасност дека ако биде на слобода, може да влијае врз манипулација со доказите.


@alex_korac #kopaonik #foryou #foryoupage #fpy #viral #snoow
♬ Blaka blaka - adna✨
Прочитајте и Сопругот на Мирка Васиљевиќ, фудбалерот Вујадин Савиќ среде брутален скандал со неверство, избркан од „Црвена звезда“
С. С. | Црнобело
