Роди 4 деца, изгледа совршено – Кој е тајниот напиток за витка линија на Мирка Васиљевиќ?
- Детали
- недела, 10 мај 2026
Низ годините повеќепати имаше гласини дека партнерот Вујадин Савиќ ја изневерува Мирка Васиљевиќ, последно со трансродово лице, но таа сепак сака и 5-то дете со него – изгледа совршено и по 4 бремености, има строг план за исхрана и еден таен напиток за топење сало со кој го почнува денот.

Актерката Мирка Васиљевиќ, позната како ќерката на Никола Којо во „Ми нисмо анџели“, во последниве години повеќепати беше мета на медиумите заради скандалите на нејзиниот сакан партнер.

Таа е во врска со фудбалерот Вујадин Савиќ, за кого години наназад се зборува дека ја изневерува, а последно се најде среде скандал заради неверство со трансродово лице.
Мирка ги игнорира гласините и се труди да живее семејна идила, со него има 4 деца, а има изјавено дека дури би сакала и 5-то.

Важи за една од најубавите српски актерки, а и покрај четири бремености, изгледа совршено и одржува витка линија на телото.

За таа цел, актерката се храни генерално со здрава и домашно подготвена храна, со оглед на тоа што постојано споделува рецепти кои самата ги готви.

Своевремено за српските медиуми, Мирка има изјавено:
„Мојот појадок некогаш е многу квалитетен, па содржи и јајца и некоја шунка, но тогаш не јадам леб.
Ручекот главно ми е месо со салата или риба. Вечерата треба да биде апсолутно лесна, да кога ќе се најадете, не се чувствувате дека сте јаделе.
И најдобро е да се јаде најдоцна до 7 или 8 навечер, или уште подобро да си легнете па да надокнадите за гладот со добар појадок“.

Еден ден од планот за исхрана на Мирка:
Појадок: кајгана со печурки, 30g р’жан леб и 250ml нискомасен јогурт
Ужина: 150g сезонско овошје по избор со 20g печени бадеми
Ручек: пилешко со зеленчук (тиквици, модар домат, пиперка)
Вечера: медитеранска салата

Но, убавата актерка има уште една тајна, која всушност не ја крие, а тоа е напиток за топење сало, со кој го започнува секој ден.
Во една чаша со млака вода, цеди половина лимон и додава колаген, бибер, цимет и куркума.

Уште неколку фотки од Мирка:





М. М. | Црнобело