Бака Прасе ја откри вистината за врската со Ања: „Ми ги простуваше сите неверства со скапи подароци, ме излажа дека беше бремена“
Кога дозна дека имам девојка повеќе од пола година откако раскинавме, не можеше да прежали. Одлучи да ја вознемирува, да ги поддржи сите мои непријатели, да ме обвини за убиство, да кажува дека ја манипулирам, затоа што таа е повредена жена, а јас сум машка свиња што ја оставил на цедило, додека таа е самостојна жена која сè сама успеала.
Сега знаете дека не е така. Станот ѝ беше платен 30.000 евра за 1 година, ѝ оставив автомобил од 100.000 евра кој го продаде за да си плати стан во Дубаи, ги продаде часовниците за 30.000 евра, тоа се поклони со кои може да прави што сака, но реално да ја гледаме нејзината самостојност, подобро помина од мајка со три деца после развод.
Јас со Ања се гледав во 2020-та, не бевме во врска, јас се гледав и со други, а кога таа дојде во Белград да студира, почнавме повеќе да се гледаме и кај мене дома поминуваше многу време.
Гледаше дека се гледам со други девојки, гледаше пораки, слики, снимки и бираше да остане со мене, затоа што виде перспектива.
Во декември почнавме врска, а претходно барав куче и си го донесов Оби. Таа беше воодушевена, јас бев среќен, имав девојка, имам куче и тоа ми беше прва врска.
Почетокот на 2021 ѝ реков да се всели кога веќе живее тука. Кога се всели одма почна тортура.
Ми рече дека го мрази кучето затоа што беше љубоморна што морав да му посветам внимание зашто беше бебе од 3 месеци, наместо да лежам и да се мазам со неа.
Имавме проблеми и ѝ реков време е да си одиш не можам вака, па таа се врати во нормала.
Си реков дека може да снимаме јавно, да правиме контент, на двајцата ќе ни одговара, а кога ја објавив јавно врската, тортурата повторно почна зашто осети моќ, а причина пак беше Оби, зашто го мразеше иако на снимките делуваше како да го обожава и го користеше за контент на Јутјуб.
Во август 2021 кога иамвме корона го избрка Оби од дома, не можела веќе да го слуша и го пративме кај родителите, па сфатив дека врската нема иднина и направив неопростива работа кога отиде во Црна Гора, а тоа е изневерување.
Бев млад и луд, требаше само да ја оставам, снимив сè и ја оставив снимката, зашто знаев дека ми чепка телефон и се надевав дека ќе ме остави кога ќе ја види.
Кога се врати, дозна, а на мое изненадување, не ме остави. Кога го видео видеото, ми рече – сè додека се само ку*ви и не сум заљубен во таа девојка, и додека е таа среќна, додека има интерес, секојпат ќе ми прости.
Во 10 дена ја изневерив со 10 девојки, а таа ми рече океј, затоа што не ми значеле ништо. Беше чудно и потоа направивме пренк дека сум ја изневерил и така настана видеото каде што наводно плаче, па неа сите почнаа да ја симпатизираат.
До крајот на годината ја изневерив уште неколкупати, секојпат ми простуваше, целиот однос беше шизофренија и во еден момент ми здосади, на крајот на 2021 - почеток 2022, ја оставив.
Ако сакате партнерот да ве почитува, морате сами да се почитувате, ако простите едно неверство, ќе мисли дека ќе ја простите секоја следна.
Затоа таа во своите видеа сега форсира самопочитување, раст, напредок, затоа што таа себе си дозволуваше најголемо ниво на понижување само заради корист, популарност и поклони.
Се разделивме но по некое време почнавме пак да се гледаме без обврски. Знаеше дека се гледам со други, но кога ќе видеше порака во телефон ми правеше пекол, додека не и донесам поклон како на пример, Гучи торбица и потоа ми простуваше.
Сè до моментот кога почнав да се гледам со Милена, со која ни беше преубаво, затоа што таа не сакаше да ми даде, и на Ања ѝ реков дека нема да може да се гледаме зашто се заљубив, па тука почна лудилото иако таа не знаеше тогаш која е таа. Со тек на време и со Милена престанав да се гледам.
По некое време Ања почна да ми недостасува и после сè што ѝ направив, таа сакаше да се врати кај мене и си мислев дека можеби така изгледа љубовта, не знаев за подобро.
Во тој момент дозна за Милена и се случи хаос иако со неа се гледав додека не бев во врска со Ања, но таа полуде затоа што не ја гледав за една вечер туку се заљубив во неа.

По повеќе раскинувања и смирувања, драма со Милена во која почна да ја обвинува, повторно се смириле кога тој купил стан во „Белград на вода“ и ѝ купил дијамантски накит.

Прстен од 6.900 евра, романтична вечера и огномет – Како Бака Прасе се смири со бившата девојка 1 година по раскинувањето? (видео)
Вели дека имал искривена перцепција за љубовта и мислел дека нема да најде подобро, живееле некој период заедно, сакал да има дете со неа, а во април 2023 затоа што не му го подобрувала квалитетот на животот повторно раскинале и уште неколкупати имале турбуленции.
„Сфатив дека веќе не го сакам тоа. Ја оставив, помина 1 недела, се подготвив да го објавам видеото и ми стига порака од кумот дека таа е бремена. Ја прашав дали е бремена, но јас мислам дека никогаш не беше бремена зашто не можам да докажам и не сум сигурен.
Знаеше дека сакам бебе, знаеше што е единствената причина за која би се смирил. Отидов кај неа, ѝ кажав дека сакам да бидам со неа, сакав да бидам татко, се смиривме.
Сакав да одам со неа на прегледи, но таа сакаше секаде да оди сама и верувале или не, никогаш немаше тест за бременост, што секоја инфлуенсерка би го објавила тоа затоа што со тоа добиваат најмногу популарност.
По 10-тина дена, го губи детето. Јас сакав да бидам тука за неа, а таа истиот ден закажа фотосесија во станот.
Не ми беше јасно. Не се сомневав, но потоа ми стана чудно. Таа има инсулинска резистенција што ѝ отежнува да забремени, а мојата сперма е 0, заради тоа што ги убив сперматозоидите со хемија.
Мојот спермограм беше 0, непостоечки. Не можев да ѝ направам дете. Ѝ купив автомобил, Ролекс, торбици, сè ќе направев за неа за да биде мајка, но ми помина еуфоријата зашто сфатив дека тоа не е точно заради сите овие наведени работи.
Не сакав да бидам со некој што не го сакам само заради дете и затоа ја оставив, зборувавме и се разделивме“.
Погледнете го целото видео:
@bakaprase Istina o Anji Blaa, o Anjinoj trudnoći, prevarama i raskidu
♬ original sound - bakaprase
М. М. | Црнобело
