Сопругата на Сергеј Трифуновиќ: „Уапсена сум повеќепати од што се знае, ме запроси по 48 часа познанство“
Следниот ден излеговме и разговорот течеше како да се знаеме цел живот, опуштено, па после ручекот отидовме на прошетка, а пред нас трчаа мачки, кучиња, верверички и јас тоа го сфатив како позитивен знак од природата.
Истиот ден ме бакна, пред рампа на паркинг, додека некоја госпоѓа ни свиреше зашто сакаше да си влезе пред зградата, да си паркира.

Следниот ден излеговме пак, со нас беше и Миле, без Миле ни денес никаде не оди.
И додека се шетавме, почна нешто сам да си зборува на глас да си коментира. Го прашувам што е, ми вика да бидам стрплива.
‘Да очекуваш од мене стрпливост е исто како да пуштиш еж во продавница со балони’ му велам и тој се изнасмеа.

И во еден момент клекна на колено и ме праша дали сакам да се омажам за него. Не се познававме ни 48 часа, ама повтори неколку пати и му реков дека сакам.
Стана, си продолживме со денот, никој не спомна ништо.

Следниот ден излегов со мојата сегашна кума и додека седевме, ме бара Сергеј, вели мора да разговараме за нешто многу важно. Што е тоа важно, се знаеме 3 дена.
‘Јас вчера те прашав нешто’, почна да зборува и си велам во себе, добро е размисли, ама тој тука матира ‘Ако и ти го сакаш тоа, сметај дека си верена’,“ раскажува Исидора.

Погледнете го целото интервју:
А. Ј. | Црнобело
