Имала афера со сопруг на колешка пејачка кога била бремена: Најголемиот скандал на Милица Тодоровиќ
- Детали
- недела, 28 декември 2025
„До самото раѓање на нашето дете се чувствував среќно и сакано во врската со Милош, која траеше пет години. Но, еден месец по породувањето, дознав дека подолг период, кој ги опфаќа и деветте месеци од мојата бременост, сум живеела во заблуда“, изјави Андреа Демировиќ (40) за аферата на сопругот со Милица Тодоровиќ.

Неодамна се одржа црногорскиот избор за песна на Евровизија „Монтесонг“, а едно од имињата кое дефинитивно се издвои пред натпреварот е пејачката Андреа Демировиќ (40), претставничка на Црна Гора на Евровизија во 2009 година, која, за жал, овојпат не постигна никаков успех.
Но, нејзиното учество ги потсети сите на големиот скандал кој таа го имаше со пејачката Милица Тодоровиќ пред 11 години.

Инаку, Милица моментално е бремена со своето прво дете, но не го открива идентитетот на неговиот татко.
Скандалот од пред 11 години настана кога во регионалните медиуми се појави информацијата дека тогашниот сопруг на Андреа Демировиќ, кореографот Милош Пауновиќ, бил во врска со пејачката Милица Тодоровиќ, додека сè уште бил во брак со Андреа, која во тој период била бремена.

Иако Милица се трудела да ја сокрие врската со оженетиот маж, папараците во тој период ги уловиле како се бакнуваат.
