Имала афера со сопруг на колешка пејачка кога била бремена: Најголемиот скандал на Милица Тодоровиќ

Инаку, само неколку месеци пред јавноста да дознае за аферата на Милош со Милица, парот доби син.

Во тој период Андреа откри:
„Не планирав да се огласувам по повод насловите во жолтиот печат во кои е актер мојот сопруг, бидејќи никогаш не сум чувствувала потреба преку приватниот живот да привлекувам внимание од медиумите и публиката...
Но, овојпат, поради големиот притисок на јавноста, решив да дадам изјава.
Значи, Милош не е разведен, сè уште сме во брак. Ангажирав адвокат и ќе се разведеме, по моја иницијатива.

Имаме прекрасно петмесечно бебе. Разделени сме, јас сум со бебето во Црна Гора.
До самото раѓање на нашето дете се чувствував среќно и сакано во врската со Милош, која траеше пет години.

Потоа, во најчувствителниот момент за секоја жена, еден месец по породувањето, дознав дека подолг временски период, кој ги опфаќа и деветте месеци од мојата бременост, сум живеела во заблуда.
