Хрватска старлета обвинета дека си „направи“ дечко со AI - таа го покажа и вели: „Ме запроси“
- Детали
- среда, 31 декември 2025
„Се запознавме случајно. И не кријам дека бил во затвор, му подметнале дрога“, рекла Ава Карабатиќ за саканиот за кого многумина мислеа дека е создаден со АI поради фотките и коментарите што ги објавуваше на Инстаграм Стори.

Хрватската старлета Ава Карабатиќ, со години важи за една од најскандалозните личности во регионот.
Таа беше причината за разводот на актерката Анѓелка Прпиќ, откако се дозна дека нејзиниот тогашен сопруг имал афера со Ава.
Често е во медиумите и поради нејзините изјави, кои многумина ги нарекуваат „плитки и глупави“ и ја навредуваат.
Последната од низата ситуации поради кои Ава заврши во медиумите, беа нејзините изјави дека има нов дечко, но и коментарите во јавноста дека таа си го „создала“ сама со помош на вештачка интелигенција.
Овие коментари беа поттикнати и од фактот што на една од нејзините фотки таа стави опис кој делува како заборавен коментар од ChatGPT, што дополнително ги разгоре гласините дека новиот дечко на старлетата е креиран со АI.
По лавината коментари, таа објави видео со саканиот Лазар-Иван за да покаже дека тој навистина постои.
„Гледам дека работите отидоа предалеку, па да им ставам крај.
Како што гледате, Лазар-Иван постои и навистина сме во врска, така што веќе нема да ве зафркавам“ - пишува во пораката.
Во интервју за српските медиуми таа призна дека работите околу измислениот дечко отишле подалеку од она што мислела.
„Сакам да провоцирам, но имам 37 години, не сум толку луда за да измислувам дечко. Малку ми беше интересно бидејќи видов колку следбеници се „закачија“ на мене.
Не сакам да се извинувам, кој има право да ми суди? Не убив никого. Само сакав да видам до каде оди човечката интелигенција.
