Внук ѝ е на Мира Шкориќ, експерт е за ПР - Кој е мажот со кого го поврзуваат политичарот Чедо Јовановиќ?
- Детали
- сабота, 10 јануари 2026
Чедомир Јовановиќ и Александар често одат на патувања, концерти и спортски натпревари, живеат заедно и без престан објавуваат заеднички фотки, што дополнително ги подгреа пишувањата декасе во врска. Некои регионални медиуми отидоа дотаму што објавија дека парот се венчал тајно во Црна Гора.

Веќе подолго време медиумите во Србија пишуваат за геј љубовната врска на најзгодниот домашен политичар, Чедо Јовановиќ.
Откако по 25 години се разведе од сопругата Јелена со која има 4 деца, Јовановиќ секаде е во друштво на Александар Кос.

Тие одат на патувања, на концерти и спортски натпревари, живеат заедно и без престан објавуваат заеднички фотки, што дополнително ги подгреа пишувањата дека Александар е партнер на Чедомир.
Чедо, пак, вели дека тој е човекот кој му ја дал најголемата поддршка по разводот.

Некои медиуми отидоа дотаму што објавија дека парот се венчал тајно во Црна Гора.
По ова, интересот за Александар стана уште поголем, а јавноста се прашува кој е човекот што го следи Чедо во чекор откако се разведе од сопругата во февруари 2024-та.

Иако нема многу информации, што знаеме за мажот поради кој на Јовановиќ му припишаа геј афера?
Александар и Чеда се наводно најдобри пријатели, а подолго време живеат заедно.

Тој е внук на фолк-пејачката Мира Шкориќ и долго време бил нејзин ПР.
Александар не само што бил задолжен за менаџерските работи за Мира, туку ѝ бил помошник и дома.

Соработувал и со Ана Бекута, со која и денес има одлични односи.
Таа често доаѓа во домот на Александар и Чедо.

Дипломирал комуникации и менаџмент, а експерт е и за односи со јавноста.

Обожава да готви и тоа е уште една работа која му е заедничка со политичарот.
