Чедо Јовановиќ нападнат во кафуле во Белград, дечкото со кој живее скокнал да го одбрани - летале столчиња
- Детали
- четврток, 19 февруари 2026
Чедомир Јовановиќ и неговиот пријател и цимер Аца Кос, за кого во јавноста кружат гласини дека му е емотивен партнер на политичарот, попладнево биле вклучени во инцидент во локал во центарот на Белград, кој завршил со тепачка.

Според српски Курир, кој се повикува на очевидци, инцидентот се случил попладнево, во полн локал, пред многу луѓе.
Чедо и Аца дошле во локалот во придружба на неколку адвокати, а кога Јовановиќ станал да оди до тоалет, еден од гостите почнал да му дофрла погрдни зборови и да го провоцира.

Чедо, наводно се свртел кон мажот, по што почнала вербална расправија, но брзо се претворила во тепачка.
Во тој момент, Ацо скокнал за да го заштити Чедо, па се вмешале уште неколку гости од локалот, а според пишувањата, „летале“ столчиња, паѓале и се кршеле чаши и шишиња, а пукнале и неколку прозорци, па луѓе почнале да бегаат.

Во инцидентот е причинета поголема материјална штета, а се чекаат нови детали од полицијата, како и официјалните искази на сите вклучени во тепачката.

Прочитајте и „Го прашувам колку ме сака од 1 до 10, вели 110“ - Аца Кос за интимата со српскиот политичар Чедомир Јовановиќ
А. Ј. | Црнобело