„Го прашувам колку ме сака од 1 до 10, вели 110“ - Аца Кос за интимата со српскиот политичар Чедомир Јовановиќ
- Детали
- среда, 11 февруари 2026
Аца Кос е 16 години помлад од Чедомир и живеат заедно веќе 3 години, откако Чедомир стави крај на бракот, кој траеше 25 години. Сега, гостуваа во „Амиџи шоу“ и искрено проговорија за нивната интима... Аца Кос сподели и во каков однос е со децата и бившата сопруга на Чедо.

Политичарот Чедомир Јовановиќ и неговиот пријател и цимер Александар Кос, кој е 16 години помлад од него, гостуваа во емисијата „Амиџи шоу“ кај Огњен Амиџиќ и зборуваа за нивниот однос.
Тие веќе 3 години живеат заедно.
Аца Кос откри што најмногу го нервира кога двајцата заедно излегуваат во град, а и низа други детали.

Чедомир и Аца играа игра во која требаше да откријат колку добро се познаваат, а во таа пригода Аца призна за еден мал ритуал што го имаат со Чедомир.
Аца откри детали од нивното секојдневие:
„'Хадријановите мемоари' ми ги има читано повеќепати... Бидејќи јас не сакам многу да читам, тој секоја вечер пред спиење ми чита книги“.

На прашањето каков е Чеда кога ќе испие, Кос објасни:
„Вообичаено не сака да пие, но досега нè фотографирале кога ќе се опијани, со некои песни и на места каде што јас сум го водел, тогаш се опушта.

Тогаш пее, нарачува песни... Мене ме нервира затоа што сите девојки што му приоѓаат, му приоѓаат за да се сликаат со него, но потоа, кога ќе се сликаат, сакаат да го гушкаат и бакнуваат, ја преминуваат границата и тоа навистина не е во ред.
Инаку, јас него секој ден го прашувам: „Колку ме сакаш, од 1 до 10?“ Тој вели 110. Не постои нешто што не би го направил за него“.

