„Го прашувам колку ме сака од 1 до 10, вели 110“ - Аца Кос за интимата со српскиот политичар Чедомир Јовановиќ
Во емисијата „Амиџи шоу“ Аца Кос откри и во какви односи е со поранешната сопруга на Чедо Јовановиќ.
„Сè е во ред, сè е супер. Јелена ми е пријателка.
Ако нè гледа сега од Америка, сакам да ѝ кажам дека многу ја сакам и дека ми недостига. И да ја поздравам сестрата на Чедо.
Со Чедо секогаш ми е добро, кога го имам него, немам проблем. Горд сум на својот пријател“.

Огњен им се обрати на двајцата: „Добро, луѓето се прашуваат зошто се држите за раце на некои фотки во медиумите?“, а Чедомир вели...
„Јас тука (на тие фотки) учам повторно да одам, не ја чувствувам десната нога, коленото го оперирав двапати, наместо пршлени имам штрафови.
Во тој момент не ја чувствувам десната нога и единствениот начин да не бидам во инвалидска количка е да се придржувам за некого“.

Чеда во емисијата зборуваше и за емоциите кон Аца Кос.
„Што ги интригира гледачите, што конкретно? Пријател, цимер, повеќе од пријател... Што значи емотивни партнери? Емоција постои!“, а Кос додаде:
„Најголема досега“.

Погледнете го гостувањето:
С. С. | Црнобело
