Ѓоле Џогани за распадот на првиот брак: „Ние немавме многу пари, а за Слаѓа се закачија некои спонзори“
Таа се изгуби и почна да бара од мене повеќе слобода отколку што треба да има сопруга и мајка на две деца.
На пример, да излегува со другарки до два часот по полноќ, а јас да седам дома и да ја чекам. Тоа беше еден од нејзините услови.

Мене тоа не ми одговараше и реков: ‘Ајде, убаво, да завршиме со сето тоа’“.

Инаку, Весна, сегашната сопруга на Ѓоле, пред извесен период ја изненади јавноста кога ја обвини Слаѓа дека го изневерувала Ѓоле.

Весна за неверствата на Слаѓа вели:
„Анабела и Гаги беа тие кои ја видоа во лобито на еден хотел како седи со нивен заеднички ‘пријател’ и се држат за рака. Кога ги забележале Анабела и Гаги, тие ги тргнале рацете.
Тоа бил маж од брачен пар со кои Слаѓа и Ѓоле оделе на зимувања.

Анабела и Гаги го повикале Ѓоле и му кажале што и како било.
Слаѓа повеќепати и самата, кога гостува во емисии, вели: ‘Луѓе, јас сакав да бидам самостојна. Јас веќе не го трпев, не го сакав, не го сакав во моја близина’“.

