Бруклин Бекам флертувал со српска пејачка, таа проговори: „Викторија е свекрва од пеколот“

„Се сретнавме еднаш во хотел во Дубаи, на појадок ме шмекаше и ми намигнуваше, а јас го искулирав. Добрата страна што го одбив е тоа што Викторија ја понижува снаата. Опсесивна мајка, значи свекрва од пеколот. Но, како би одиграла јас валкан танц со Викторија на свадбата, е за тоа ми е жал“ - вели српската пејачка Сандра Африка. 

bruklin-bekam-flertuval-so-srpska-pejachka-taa-progovori-viktorija-e-svekrva-od-pekolot-01.jpg

Семејството Бекам веќе долг период е во фокус на јавноста заради драмата во семејните односи, што кулминираше со неодамнешното огласување на Бруклин.

По месеци молчење, тој одлучи да ја каже неговата страна, па беше прилично брутален велејќи дека неговото семејство е токсично, а едвај чекал да побегне од нив.

Бруклин Бекам со трогателна исповед против родителите: „Мајка ми го украде првиот свадбен танц од мојата сопруга, ме правеа анксиозен“

Бруклин не пропушти шанса и да повтори дека неговата мајка го украде неговиот прв свадбен танц, но и дека нејзиното танцување со него било прилично несоодветно.

bruklin-bekam-flertuval-so-srpska-pejachka-taa-progovori-viktorija-e-svekrva-od-pekolot-03.jpg

Познато е дека неговиот љубовен живот пред сопругата Никола Пелц, бил бурен и излегувал со низа славни девојки.

Двојничка на мајка му Викторија, Плејбој модел: Кои се бившите девојки на Бруклин Бекам?

bruklin-bekam-flertuval-so-srpska-pejachka-taa-progovori-viktorija-e-svekrva-od-pekolot-02.jpg

Но, веројатно никој не знаел дека некогаш во минатото флертувал и се обидувал да заведе српска пејачка.

Станува збор за Сандра Африка, која сега откри дека имала шанса да го запознае синот на Дејвид и Викторија, а на шега коментира дека на место на Никола, таа добро би одиграла валкан танц со свекрвата.

„Не знам дали се сеќавате на моите приказни за синот на Дејвид Бекам, овој малиов што сега е по сите медиуми.

Се сретнавме еднаш во еден хотел во Дубаи, на појадок ме шмекаше, ми намигнуваше и ми се смешкаше, а јас го искулирав.

Добрата страна што го одбив е тоа што Викторија ја понижува снаата, што е болно и страшно.

Замислете да ми е свекрва Викторија – ау брате! Опсесивна мајка, значи свекрва од пеколот. Страшно.

bruklin-bekam-flertuval-so-srpska-pejachka-taa-progovori-viktorija-e-svekrva-od-pekolot-04.jpg

Лошата страна е што мајката извела валкан танц на свадбата. Ух, како би одиграле јас и Викторија валкан танц на свадбата.

Е за тоа ми е жал. Ех, да знаев дека ќе биде вака... Го чекаме продолжението на драмата која ја пропуштив.

Поздрав за мојот мувач Бруклин, те бакнува Африка, а секако и за мама и тато“ – вели таа во обраќање на ТикТок.

Погледнете го видеото:

@sandraafrikamusic

Bila bih ti lepa mlada 😂👰🏽 Beckham family drama 💃🏼 #victoriabeckham #davidbeckham

♬ original sound - Sandra Afrika

Повеќе фотки од Сандра Африка:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Се возеше со папата на веспа, ги заведе Ал Пачино и Горан Бреговиќ - Која е првата старлета во Југос... Поради една вечера со Силвио Берлускони ѝ го припишаа падот на италијанската вла...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg