„Викторија му се доближи до вратот, изгледаа како пар, а не мајка и син“: Што се случило на свадбата на Бруклин (и кој ја има снимката од танцот)?
- Детали
- среда, 21 јануари 2026
„Бруклин беше многу засрамен, а неговата сопруга беше посрамотена и гневна… Викторија танцуваше со него многу непристојно. Танцот дефинитивно беше повеќе за романтични партнери, отколку за мајка и син“, вели извор за свадбениот танц на Бруклин и Викторија Бекам.

Дејвид и Викторија Бекам уште молчат за скандалозната објава на син им Бруклин, но извори блиски до познатото семејство веќе почнаа да ги споделуваат своите ставови.
За потсетување, со неколку објави на Инстаграм Стори, Бруклин Бекам истакна дека не планира да се смири со неговото семејство и дека целиот живот бил контролиран од родителите.
Вели дека тие пробувале да му ја расипат врската со сопругата Никола и се однесувале лошо кон неа, дури и кога таа пробувала да им покаже почитување.
Еден од деталите кој привлече најмногу внимание во објавата на Бруклин е неговото тврдење дека мајка му му го украла првиот свадбен танц со Никола, па дури и дека му танцувала непристојно.
Во јавност нема видео од танцот, но некои од гостите на свадбата велат дека Бруклин ја зборува вистината.
„Бруклин беше многу засрамен, а неговата сопруга беше многу посрамотена и гневна. Викторија јасно го покажа нејзиниот став. Ја расипа целата вечер“.
Друг извор додава дека танцувањето навистина било непристојно како и дека следното утро, се зборувало само за тоа.
„Викторија ги стави рацете околу вратот на Бруклин и го доближи лицето до неговиот врат. Танцуваше со него многу непристојно.
Ѝ го украде моментот на Никола, тоа е вистината. Никола излезе од салата со плачење. Кога конечно се врати беше тажна целата вечер“.
Изворите кои го потврдуваат она што го кажува Бруклин велат дека танцувањето траело неколку минути и дека никој од гостите не знаел како да се однесува.
Имало момент и кога Викторија целосно била залепена за Бруклин:
„Танцот дефинитивно беше повеќе за романтични партнери, отколку за мајка и син“.
Се огласи и еден од диџеите кои пуштале музика на свадбата, а и тој вели дека Бруклин ја кажува виситината.
„Бев таму, танцуваше непристојно, Бруклин ја зборува вистината“, напиша диџејот во коментар на Инстаграм објава.
Според другите извори, Бруклин и Никола веќе го имале својот прв танц, кога Марк Ентони се качил на сцената за да пее.
Во својата објава, Бруклин вели дека ова е моментот кога требало да го играат првиот танц, но некои извори велат дека дотогаш првиот танц поминал.
Според нив, Бруклин и Никола сепак требало да танцуваат и тогаш, но Марк Ентони ја повикал Викторија на бината.
