„Викторија му се доближи до вратот, изгледаа како пар, а не мајка и син“: Што се случило на свадбата на Бруклин (и кој ја има снимката од танцот)?

„Требаше да биде романтичен танц. Беше одреден специјално за Никола и Бруклин. Наместо тоа, Марк Ентони ја повика ’најубавата жена во сала‘ (Викторија) наместо Никола.

Таа стана, се качи на бината, ги стави рацете околу неговиот врат и се доближи до него“.

viktorija-mu-se-doblizhi-do-vratot-izgledaa-kako-par-a-ne-majka-i-sin-shto-se-sluchilo-na-svadbata-na-bruklin-i-koj-ja-ima-snimkata-od-tancot-13.JPG

Изворот вели дека иако ова не бил првиот танц на парот, бил значаен за нив и дека Викторија сепак танцувала несоодветно.

Има и извори кои велат дека танцот на мајката и синот воопшто не бил непристоен.

„Дејвид и Викторија се зачудени од обвиненијата бидејќи на сите гости им беше забавно и тогаш никој не рече ништо за танцот на мајката и синот.

Викторија имаше испиено некоја чашка повеќе и се забавуваше, додека Никола не сакаше Бруклин да танцува со мајка му“.

viktorija-mu-se-doblizhi-do-vratot-izgledaa-kako-par-a-ne-majka-i-sin-shto-se-sluchilo-na-svadbata-na-bruklin-i-koj-ja-ima-snimkata-od-tancot-11.JPG

Оние кои ги поддржува Бекамови велат дека целиот танц се претворил во убав семеен момент – кратко по Бруклин и Викторија, на бината се качиле Дејвид и ќерка му Харпер, а потоа и Ромео со неговата тогашна девојка Миа Реган.

Некои одат дотаму што велат дека Никола била таа што правела проблеми и не сакала Бруклин да танцува со Викторија:

„Вистината е дека поради некоја причина, изгледаше како на свадбата ниту Никола, ниту нејзините родители не сакаа Бруклин да танцува со мајка му.

Беше чудно бидејќи Никола веќе танцуваше со нејзиниот татко Нелсон. Тој и Дејвид исто така одржаа говори.

Но, денот генерално бе контролиран од семејството на Никола“.

viktorija-mu-se-doblizhi-do-vratot-izgledaa-kako-par-a-ne-majka-i-sin-shto-se-sluchilo-na-svadbata-na-bruklin-i-koj-ja-ima-snimkata-od-tancot-16.JPG

Што се однесува до самиот танц, Бруклин наводно имало снимка. За потсетување, на свадбата на Бруклин и Никола беа забрането телефони и какви било уреди со камери, но Бруклин сепак имал и снимка.

„Бруклин ја има целата моќ кога е во прашање видеото со танцот на Викторија. Можете да разберете зошто Бруклин не би сакал снимката да стане достапна во јавност.

Илјадници луѓе шпекулираат за тоа колку непристоен бил перформансот на Викторија, а објавувањето на снимката ќе биде доказ дека она што го зборува Бруклин е вистина“, вели извор.

Прочитајте и: Бруклин Бекам со трогателна исповед против родителите: „Мајка ми го украде првиот свадбен танц од мојата сопруга, ме правеа анксиозен“

viktorija-mu-se-doblizhi-do-vratot-izgledaa-kako-par-a-ne-majka-i-sin-shto-se-sluchilo-na-svadbata-na-bruklin-i-koj-ja-ima-snimkata-od-tancot-5.JPG

Додека јавноста чека да види дали некогаш ќе има можност да ја погледне снимката, Твитер и социјалните мрежи се преплавени со мемиња инспирирани од непристојниот танц на Викторија.

Прочитајте повеќе: Најсмешните твитови за „несоодветниот“ прв танц на Викторија Бекам на свадбата на Бруклин и Никола

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна со... По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бек...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Детали за врската на Бруклин Бекам што заврши катастрофално: Ги разделуваше обезбедување, и таа ги м... Кратко пред да ја почне врската со Никола Пелц, Бруклин Бекам раскина 9-месечна ...

Најчитани неделава