Водителката од 'Ѕвездите на Пинк' со исповед: „Процветав откако се разведов“
- Детали
- понеделник, 02 февруари 2026
„Со годините сѐ повеќе се заљубувам во себе и сум посигурна во себе, ништо не трпам, си угодувам себеси“, вели Бојана Лазиќ, која вели дека разводот ѝ била најдобрата одлука во животот.

Водителката Бојана Лазиќ од „Ѕвездите на Пинк“ е одговорна и за работните обврски на Огњен Амиџиќ во шоуто, откако тој зема кратка пауза од снимањата поради раѓањето на ќерката Лола, која ја доби од бракот со Мина Наумовиќ.

„Самата ја водам емисијата бидејќи мојот колега Огњен има кратко породилно отсуство и го заслужи поради третото дете“.
Прочитајте и Огњен Амиџиќ се огласи откако му се роди третото дете: „Пресреќен сум, Мина и бебето се супер“

Бојана за дружбата со колегите и членовите на жирито на „Ѕвездите на Пинк“ вели:
„Едвај ги чекам снимањата, нам ни е многу интересно на самото снимање и имаме заеднички ручек каде што се дружиме и разговараме, така што едвај чекам да ги видам“.

Инаку, Бојана е сингл, по разводот од актерот Жарко Лазиќ, со кого беше 7 години во брак и го доби синот Матија.
На тема љубов и дали би простила неверство таа вели:
„На партнерот не би му простила многу работи, не сум толку толерантна.
Прво не би му простила неверство, а денес многу жени го простуваат тоа. Затоа веројатно ќе бидам немажена, гледате дека секој маж изневерува, особено во Србија, така што тоа не би го простила.
Исто така не би простила непочитување, тоа е дел од истото. Никогаш не би можела да бидам во врска во која повеќе нема љубов и да сме заедно само поради децата“.

