Марија Микиќ првпат проговори за разводот, низ солзи: „Не се случи преку ноќ, тежок период е“ (видео)
Децата се многу мали за да сфатат сега, но ќе се потрудам, односно заедно ќе се потрудиме, да сфатат на вистинскиот начин.
Секако дека ќе побарам помош од стручни лица за да се посоветувам како да се справам со тие ситуации, многу им верувам, ми помагаа во најтешките моменти.
На младите им советувам да знаат дека не е толку страшно. Пред неколку години беше страшно да кажеш дека одиш на психотерапија. Сега само е важно да го најдеш вистинскиот психотерапевт кој ќе ти помогне“.

Погледнете краток извадок од интервјуто:
Таа зборуваше и за нејзините деца, за кои се пошегува дека се толку мала разлика, односно најмалата можна разлика, 10 месеци.
„Децата нека се живи и здрави, но навистина се многу живи и енергични, како на батерии, веќе не знам од каде им е таа сила. Со докторката се шегуваме дека не се луди, но се блесави.
Живеат со мене, мајка ми ми помага во чувањето. Имаме и дадилка од почетокот, иако не сакам да ја нарекувам така, затоа што е како дел од семејството.
А моето семејство секогаш ми беше ветер во грб во сите ситуации, немам зборови за нив.
Инаку, воопшто не ми е тешко да ги организирам обврските, многу мразам кога немам што да правам освен да ги однесам во градинка.
Ништо не ми е тешко да правам, но ајде да кажам патувањата може да ми се малку тешки. Но многу сум благодарна за сè што имам“.
Погледнете го целото гостување:
М. М. | Црнобело
