Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри аферата
Не ме праша за нашите деца, тоа не ѝ е важно. Најважно за неа беше нашата врска, во каков однос сме во бракот, како функционираме.
Не ме контактираше потоа, јас неа не ја напаѓав, дури ја заштитив“, рекла таа.

Љиљана раскажала и за прославата со мекици, на која се појавил нејзиниот сопруг, а по која и се дозна неговиот идентитет.
„Тој синоќа отиде на таа прослава, се врати дома и заспа. Страшно, да не поверувате...
Емоционално сум скршена и потресена. Јас сакам да се разведеме, но тој рече дека не сака.

Бев на лекар, еден месец земам лекови, многу сум потресена, моите деца и јас многу страдаме.
Морам да ги заштитам моите деца, тоа е првото и основно нешто, а останатото што биде нека биде.
Пијам силни лекови за смирување, како и мојот 18-годишен син кој, исто така, е под голем стрес“, кажала Љиљана М.

За потсетување, пред да остане бремена, Милица беше кратко време во врска со Марио Баришиќ, со кого се сврши, но по него беше распишана меѓународна потерница и тој беше уапсен, а Милица ја раскина свршувачката.
Неколку месеца подоцна остана бремена и се повлече од јавноста, а никогаш не откри кој е татко на бебето.

Прочитајте и Милица Тодоровиќ се породи во тајност - Остана бремена по 2 месеца врска, веќе не е со партнерот
А. Ј. | Црнобело
