По Милица Тодоровиќ, и сопругата на таткото на нејзиното бебе одново се огласи: „Ја интересираше дали сме интимни“
Не сакам да се изнесуваат какви било неточни тврдења. Ние бевме семејство, имавме убав и складен брак, а јас сè уште не сум свесна што ме снајде.
Живеам во пекол и не можам да ги заштитам своите деца. Целиот живот му го посветив, изневерена сум и тоа не го заслужив.
Тој знае колку бев покрај него.
Јас прва ѝ се јавив на Инстаграм, но таа не ми одговори кога ѝ напишав дека сум сопруга на таткото на нејзиното дете.
Таа знаеше сè. За мене овој брак е завршен.
Тие си заслужуваат еден со друг. Само сакам да излезам од сето ова. Не сакам повеќе ништо да имам со него.
Животот му го дадов, тој ми беше сè. Изгубив 19 години од животот, една љубов повеќе не постои.
Никој не ме прашува што изгубив јас. Моите деца имаа визија за совршено семејство.
Се трудев да бидам прибрана и стабилна. Милица размислуваше само за тоа дали ние имаме интимни односи и само тоа ја интересираше.
Се чувствувам многу лошо и морам да се исклучам од сето ова за да можам да им се посветам на моите деца“.

Инаку бидејќи скандалот не стивнува, многу ѕвезди почнаа да ѝ даваат поддршка на Милица на социјалните мрежи, а меѓу нив беше и нашиот пејач Огнен Здравковски.
