Поранешниот свршеник ја запознал Милица Тодоровиќ со оженетиот маж - Нови детали за аферата на пејачката
- Детали
- вторник, 10 февруари 2026
Милица и таткото на нејзиниот син почнале афера само неколку недели откако пејачката ја раскина свршувачката со Хрватот Марио Баришиќ, со кого беше свршена, а кого го остави откако тој беше уапсен среде Белград, по потерница од Интерпол.

Пејачката Милица Тодоровиќ минатата недела стана мајка, а на прославата за раѓањето на синот Богдан, првпат во јавност се појави и таткото на бебето.

Бидејќи Милица во текот на бременоста не откриваше кој е нејзиниот партнер, се шпекулираше дека парот раскинал, а дека таа сама ќе се грижи за својот син.
Но, неговото појавување на прославата ги демантираше овие гласини.

Само еден ден по прославата, во медиумите се огласи жена, Љубица М., која откри дека мистериозниот дечко на Милица е Н.М. и дека тој е нејзин сопруг 19 години, а дека заедно имаат две големи деца.
Според неа, Милица и нејзиниот сопруг се во врска околу една година, а таа дознала за нивната афера пред околу 1 месец, т.е брзо пред породувањето на пејачката.
Она што е уште позаплеткано во целата љубовна приказна на Милица и таткото на нејзиното дете е фактот што тие се заедно само неколку недели откако пејачката ја раскина свршувачката со Хрватот Марио Баришиќ, со кого беше кратко време во врска, а кого го остави откако тој беше уапсен по потерница на Интерпол.

А токму Марио е „виновник“ за познанството на пејачката и Н.М. Наводно, Марио, кој беше уапсен на 13 февруари 2025 година во елитна населба во Белград, освен што ја лажел Милица со што се занимава, ја измамил и за еден автомобил.
Работата околу автомобилот требал да ја заврши со Н.М., кој се занимава со продажба на автомобили, а со кого Марио се познавал.
фото: Скриншот од емисијата „Папарацо Лов“
