Поранешниот свршеник ја запознал Милица Тодоровиќ со оженетиот маж - Нови детали за аферата на пејачката
Тој ја запознал Милица со оженетиот Н.М.
„Тие влегоа во врска скоро веднаш по апсењето на Марио. Кратко потоа, Милица остана бремена“, открил анонимен извор за српски „Телеграф“.

Се верува дека токму затоа што таткото на нејзиното бебе е оженет, пејачката никогаш не зборуваше за него, и не се појавуваа заедно во јавноста.
Дополнително, според сопругата на Н.М., тој најверојатно ѝ ветувал на Тодоровиќ дека ќе се разведе за да биде со неа и детето, додека пак на својата сопруга ѝ кажал дека не сака развод.
Три дена по раѓањето на бебето, со порака на Инстаграм Стори се огласи и Милица, која кажа дека еден ден и таа ќе ја раскаже својата приказна, и дека работите не се црни и бели како што изгледаат.

„Разбирам дека постојат силни емоции. Исто така, ја разбирам болката на другите луѓе.
Но, морам да кажам дека и мене ме боли. Боли кога се зборува за тебе без одговорност и кога се кажува нешто што не е вистина.
Кога твојот живот се сведува на наслови. Кога се заборава дека си пред сè човек, жена, мајка.
Мојата реалност денес не се ниту приказни ниту претпоставки, туку борба да бидам доволно силна за да бидам тука за детето“, наиша таа, меѓу другото.

По ова повторно се огласи и сопругата на мистериозниот маж, која за српските медиуми кажа:
„Не знам каде е тој сега, очигледно не му е грижа за нас и за децата, овој брак е дефинитивно завршен. Јас повеќе не можам вака.
Кога бев кај неа, нејзиниот единствен проблем беше дали ние сме во отворен брак.
Моите деца дома плачат поради неа“.

Прочитајте и По Милица Тодоровиќ, и сопругата на таткото на нејзиното бебе одново се огласи: „Ја интересираше дали сме интимни“
А. Ј. | Црнобело
