Ања Бла ужива во Истанбул, откако му го запалија џипот на Бака Прасе, а новата девојка го фали јавно
- Детали
- четврток, 19 февруари 2026
И додека Ања Бла, по 26-тиот роденден, замина во Истанбул со другарка, Бака Прасе открива како се чувствува поради обидите за рекет и запалениот џип. Милена, пак, неговата саканата порачува дека сака сите да видат преку нејзиите очи каква личност е тој.

Ања Бла по разделбата со Бака Прасе се пресели во Дубаи, каде работи како фитнес инструктор и постојано споделува детали од своето секојдневие.
Таа на почетокот од февруари го прослави својот 26-ти роденден.


Сега, среде скандалот со запалениот џип на јутјуберот, за што има и приведени лица, Ања воопшто не се огласи и на Инстаграм Стори сподели детали од својот престој во Истанбул.
Од галење на мачки до елеганција во вечерно издание со пријателка, таа ужива таму и очигледно има расчистено со минатото.


