Мина, девојка од Србија со цистична фиброза едвај преживеа, па пронајде љубов и сега стана мајка: „Чудо мое“

Одев, се туширав, треперев и се обидував да ја засакам болката, затоа што знаев дека секој чекор низ неа ме води до тебе, до твојот мирис и до твоето обравче под моите усни.

Таа ноќ некако ја преживеав, а веќе следното утро ја чекав нашата повторна средба. Тогаш се случи љубов на прв поглед.

Се вљубив во твојот мирис, во твоето сериозно лице додека спиеш, во твоето остро увце на тато и во твоите мали рачиња што го кријат руменото лице.

Тогаш сфатив дека статистиките се само бројки, а дека животот е нешто многу поголемо.
Така болна мајка роди толку здраво дете, и ти стана мојот најголем доказ дека чудо е можно.

Можеби нема да можам да трчам по тебе без здив.
Можеби нема да можеме да ја бркаме топката до мрак.
Можеби нема да можам да те дојам.
Но ќе те сакам посилно отколку што некој може да измери.

Цистичната фиброза нема да ме спречи да бидам твоето сигурно пристаниште, твојата поддршка, твојата сила кога ќе паднеш и твојот мир кога ќе се исплашиш.

Можеби имам само 40% капацитет на белите дробови, но тие 40% ќе ти ги дадам тебе, до последниот здив.

Ти си најголемиот дар на тато и мој, нашето чудо и нашата победа над сите прогнози.
Ти благодарам што нè избра нас и што ни покажа што значи безусловна љубов“.

Кликнете на видеото oд Мина со бебето во болница:

Едно од видеата каде се огласува од болница при еден престој во текот на бременоста:

Прочитајте и Мина, девојка од Србија со цистична фиброза, по 400 денови повторно во болница: „Животот ме потсети што добив во 2022“

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Мина, сопругата на Огњен Амиџиќ, откри зошто нема да се врати во „Амиџи шоу“ (и се шегува на негова ... „Се запознавме преку заеднички пријатели, кои подоцна ни станаа и кумови. Во мор...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Му роди син на Лука Јовиќ, сега чека второ дете со друг српски фудбалер – Необично откривање на пол ... Парот и двете деца изгледаат здрвено и збунето, без посебни реакции за радост - ...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg