Мина, девојка од Србија со цистична фиброза едвај преживеа, па пронајде љубов и сега стана мајка: „Чудо мое“
- Детали
- понеделник, 23 февруари 2026
„Така болна мајка, роди толку здраво дете... И ти стана мојот најголем доказ дека чудо е можно. Можеби имам само 40% капацитет на белите дробови, но тие 40% ќе ти ги дадам тебе, до последниот здив“, вели Мина Јуларџија, инспиративна девојка од Лесковац, која сега го живее својот сон.

Мина Јуларџија е инспиративна девојка од Лесковац, Србија, со цистична фиброза, која 20-тиот роденден, во 2021-ва година, го славеше со торта „Сакам Трикафта“, а кратко потоа успеа да го добие лекот кој за неа, и за пациентите со оваа болест, живот значи.
Некогаш (кога доби Трикафта) и денес
Сега, неколку години подоцна го живее својот живот од соништата.

Таа ја запозна љубовта на својот живот, го уреди првиот семеен дом со својот избраник, а стана и мајка, иако поради нејзината здравствена состојба, не верувала дека е возможно.

Таа и сега, поради цистичната фиброза со која живее, се случува да мора да биде хоспитализирана, но тоа е многу поретко и многу пократко.

Мина, направи и свадба кон крајот на бременоста, а по раѓањето на бебето се огласи на Инстаграм:
„Пред влезот во сала имав само два стравa – да не ти се случи нешто и од мојот стомак да излезеш здрав.
Постоеше и оној трет, тивок и себичен страв: Како ќе ја издржам кашлицата по царскиот рез и дали ќе имам доволно сила за сè што доаѓа.

Царскиот рез помина совршено и засекогаш ќе бидам благодарна на луѓето кои тој ден чуваа два животи.
А потоа дојде моментот што ги брише сите стравови.
Од мојот стомак, право на моето лице, те ставија тебе. Мал, сино-виолетов, нереален.
Гледам, а врескам во себе: „Дали дише? Дали е добро?“
И токму тогаш поврати врз мене и го слушнав твојот тивок плач, кој беше доказ дека си тука, дека си жив и дека си мој.

По средбата следуваше разделба – тебе да те згреат, мене да ме згрижат.
Болката доаѓаше во бранови, остра и немилосрдна. Во собата слушав бебиња како плачат и се прашував дали во некоја од тие соби плачеш ти и дали ме бараш.
Ми дадоа лек против болки, а неколку часа подоцна станав.
Не затоа што можам, туку затоа што сум мајка.
