Кумашинот на Милица Тодоровиќ открива детали: „Таткото на бебето е добар лик, ѝ помага, таа ужива во мајчинството“
- Детали
- сабота, 28 февруари 2026
„Бебето спие постојано, се буди само да јаде. Личи на Милица, ги има нејзините очи. Таа е среќна, ужива во мајчинството, се врати во колосек. Со таткото на бебето супер се согласуваат, тој ѝ помага околу бебето, колку што знам“ – вели пејачот Стеван Анѓелковиќ, на кого Милица му е кума.

Милица Тодоровиќ се породи на почетокот на февруари, а јавноста не престана да зборува за неа, откако се дозна дека татко на бебето е оженет маж со две деца.

Сопругата на таткото на бебето јавно излезе и ја кажа вистината за нивната афера, а призна и како се чувствува таа и децата на оваа тема.
Сепак, иако имаше шпекулации од не толку релевантни извори, дека откако направи мекици за детето, таткото се повлекол и не се појавува кај нив, сепак изгледа тоа не е точно.

Пејачот Стеван Анѓелковиќ, на кого Милица Тодоровиќ му е кума, за српските медиуми сподели досега непознати детали за мајката, бебето, како и за таткото.
„Милица се чувствува феноменално, пресреќна е. Го видов кумчето, бевме на повојница, пресладок е. Тоа за мене беше баш емотивен момент кога отидов да ги видам.
Таа е среќна, ужива во мајчинството. Точно дека имаше некои работи кои малку ја изместија, но добро...
Се врати во колосек. Кога ќе помине сето ова, кога ќе се врати на работа, веројатно ќе слушнете сè од неа“ – вели тој.
Тој раскажа детали и за бебето и вели дека пејачката нема намера набрзо да се врати на сцена.
„Бебето спие постојано, се буди само да јаде. Сега е најлесно и слатко во овој период, само јаде и спие, но беше буден кога отидов да го видам.
Личи на Милица, ги има нејзините очи. Таа не размислува за работа моментално.
Ужива максимално, пресреќен сум заради неа и се заблагодарувам на сите кои ѝ пружија јавно поддршка.
Инаку, нашето пријателство трае 20 години“.

На прашањето каков е нејзиниот партнер, односно таткото на детето, Стеван одговара:
„Кога ќе се врати, прашајте ја неа, но секако дека супер се согласуваат. Тој е добар лик, ѝ помага околу бебето, колку што знам јас“.

Минатата година, Милица и Стеван гостуваа заедно во Амиџи шоу, каде открија дека таа му била кума на свадба, каде доцнела како и секогаш, а потоа го крстила и неговото дете.
Се претставија како најдобри пријатели и направија шеги на сметка на можна свадба на Милица, која очигледно не се случи.
Погледнете извадок од гостувањето:
М. М. | Црнобело