Луна Џогани (30) роденденски се снима и фали со луксуз и шампањ на Малдиви - пред да остане заробена таму
- Детали
- среда, 04 март 2026
„Малдивите ми се долгогодишен сон… Му благодарам на мојот сопруг и му благодарам на Бог што можеме да си го дозволиме ова“, напиша Луна Џогани, пред да избувнат тензии и проблеми со летовите. Сега, открива колку е всушност скап дополнителниот престој на Малдиви.

Луна Џогани е на роденденско романтично патување на Малдиви со сопругот Марко Миљковиќ.

Таа сними видео од нивната рајска вила, каде се фали со луксузот, па покажува шампањ, скока на кревет и трча кон тиркизната вода.


Луна во описот на видеото напиша:
„Мојот подарок за 30-тиот роденден од мојот сопруг.
Покрај Америка, која веќе ја остваривме, Малдивите ми се долгогодишен сон… Ова е сè што ми требаше за душата, срцето и телото!
Му благодарам на мојот сопруг и му благодарам на Бог што можеме да си го дозволиме ова“.

Кликнете на видеото:
Но, за жал, нивното патување го нарушија конфликтите на Блискиот Исток.
Поради безбедносната состојба, суспендирани се многу летови, вклучително и преку Дубаи, што го спречува парот да се врати во Србија.

Во изјава за српските медиуми, Луна вели дека се чувствуваат добро колку што е можно во ваква ситуација, но дека се загрижени бидејќи немаат резервирани билети за враќање.
Летот што требало да го фатат бил откажан поради затворањето на аеродромот во Дубаи, а картите за алтернативни линии се распродаваат многу брзо.

Тие постојано се во контакт со туристички агенции и се обидуваат да најдат каков било лет кон Србија.
Луна вели дека најмногу ја плаши тоа што е далеку од своите ќерки, Лана и Миа, кои се во Србија.
Поради ситуацијата, тие ќе мора да го продолжат престојот на Малдивите.