Немања Стевановиќ од „Ѕвездите на Гранд“ - ѝ прави фризури на ќерката, има сопруга убавица (фото)
- Детали
- петок, 06 март 2026
Во 2007 година во музичкото шоу вниманиете го привлекуваше со убавината, како и со гласините за врска со колешката Силвија Недељковиќ... Но, денес Немања е семеен човек и е посветен на прекрасната сопруга Јелена и 11-годишната ќерка Маша.

Популарниот пејач и поранешен учесник во „Ѕвездите на Гранд“, кој стигна до финалето во 2007 година, Немања Стевановиќ од Белград, со години важи за еден од најпосакуваните мажи на српската естрада.

Toj не успеа да изгради завидна музичка кариера, но во времето на шоуто вниманиетo го привлекуваше со убавината, како и со гласините за врска со колешката Силвија Недељковиќ.


Тие има и заеднички дует „Једини, једина“.
Силвија, пак, со својот глас и насмевка ја освои публиката, но иако многумина ѝ предвидуваа успешна кариера, таа не успеа.
По „Ѕвездите на Гранд“ Силвија продолжи со пеење, но љубовта ѝ го промени животниот пат. Се омажи за поранешниот голман на Црвена ѕвезда, Саша Стаменковиќ, со кого се оствари во улогата на мајка и се пресели во странство.

За разлика од неа, Немања Стевановиќ продолжи со својата музичка кариера.
Немања денес поретко се појавува во јавноста, освен кога има некој посебен повод, а времето сака мирно да го минува со сопругата Јелена и ќерката Маша.
Во брак се од 2014-та година, а Јелена е вистинска убавица.
Од летни одмори до вечери со суши, таа на Инстаграм споделува како ѝ изгледа животот покрај Немања.
Но, пејачот е и навистина посветен татко...
