Ќерката на црногорскиот пејач Кнез ја откажа свадбата - бремена е 5-ти месец, 11 години е во љубов

Во еден период, Ксенија наводно била во врска и со актерот Павле Менсур, но на крајот сепак му се вратила на Тодор, со кого сега започнува ново поглавје во животот.
Инаку, Ксенија со својот свршеник Никола Тодоровиќ е заедно повеќе од една деценија, поточно 11 години.
Ксенија и Никола се свршија на Санторини, а иако планираа свадба во мај годинава, поради бременоста засега ги одложиле сите планови.

Инаку, иако Ксенија е постојано во јавноста, нејзиниот партнер вешто ги избегнува медиумите.
Освен што е успешен претприемач, Никола е и страствен готвач, а Ксенија често знае да се пофали дека одлично готви.

Круна на нивната врска бил заедничкиот живот во куќа која Никола, како архитект, лично ја изградил и ѝ ја подарил на Ксенија.

Потоа, тој ја запросил на Санторини.
Сега, по свршувачката и заедничкиот дом, парот со нетрпение го очекува своето бебе.
С. С. | Црнобело
