„Имав 40kg, побарав стручна помош“ - Луна Џогани за периодот кога стана љубовница на женет маж (пред очите на сите)
На улица имав закани, клетви, лоши зборови… Тогаш отворив бутик, па малтретираа мои вработени, кршеа, правеа сè и сешто…
Не ми падна тешко само на мене, туку на целото семејство. Немаа работа, јас бев пречкртана секаде, сестра ми доживуваше малтретирање…“

Инаку, по разделбата со Слоба, Луна среќата ја најде покрај Марко, со кого има две ќерки.

Неодамна таа проговори на тема брак и неверство:
„Не би простила неверство. Сега велам ‘не’, но никогаш не се знае што ќе те снајде во животот.
Сум слушнала од искусни жени кои долго се во брак и можеби преминале преку некои работи, но во овој момент, со моите 30 години, да замислам дека мојот маж спие со друга жена и се враќа кај мене - не, никако.

Само помислата на таа ситуација ме ежи, не знам дали некогаш потоа би можела да му верувам и да живеам со тоа.
Но, никогаш не се знае, нема да осудувам никого, секој има свои причини.

Но, зарем не е подобро да живееме во едно семејство кое е здраво и нормално, отколку да преминуваме преку некои работи, само за да останеме во брак по секоја цена, а да не сме среќни?
Тогаш најмногу страдаат децата. Јас не сум таков тип.
Ако не би можела да преминам преку некои работи и ако сум несреќна во тој однос, не би барала причина да останам во него“.
Луна со своите родители Гаги и Анабела Џогани:


С. С. | Црнобело
