Јаков Јозиновиќ го крена Белград на нозе - Ѝ подари роза на Пријовиќ, цела српска естрада му дојде на концерт
- Детали
- понеделник, 30 март 2026
Јаков Јозиновиќ пееше со Саша Матиќ, Џенан Лончаревиќ и Сергеј Четковиќ, не ги криеше емоциите поради љубовта од српската публика... Младиот пејач одржа два од седумте концерти во Белград, а наскоро доаѓа и во Македонија.

Хрватскиот пејач Јаков Јозиновиќ, кој стана вистинска сензација распродавајќи 5 концерти во Сава центар во Белград уште пред да ја издаде својата прва песна, ги одржа првите два концерта. И направи вистински позитивен хаос со своето пеење и енергија на сцената.
Момчето кое се прослави пеејќи преработки на најголемите регионални хитови од Балашевиќ, Оливер, Џибони... на концертите покажа дека публиката го сака толку многу со причина.
Тој пее, игра, комуницира со публиката и сето тоа го прави ненаметливо и спонтано.
А на концертите, освен што дојде неколкуилјадна публика, му дојде и голем дел од српската естрада.
Во првите редови седеше Александра Пријовиќ со сопругот Филип Живојиновиќ, а Јаков во еден момент се симна од сцената, седна покрај неа и ѝ подари црвена роза.
Од Јаков беше воодушевен и Војаж, кој меѓу првите станува на нозе и почнува да игра.
Тука беа и Јелена Томашевиќ, Леонтина, Гоца Тржан, Марија Микиќ и многу други.

На двата концерта Јозиновиќ имаше различни гости, а со него запеаја Саша Матиќ, Џенан Лончаревиќ, Сергеј Четковиќ.

Токму Сергеј не крие колку му се допаѓа младиот пејач и неговиот музички стил, па пред да ја испеат „Погледи у тами“, му се обрати пред целата публика.
„Многу сум среќен што се појави во ова лудо време, што успеваш да ги вратиш младите на ‘фабрички подесувања’ и да ги запознаеш со добра музика. Ти посакувам да останеш момче какво што си, да ни носиш радост и љубов, како Петар Пан да леташ за чуда“, алудирајќи на името на неговата турнеја „Ја за чуда летим“.
Следните концерти на Јаков во Белград се на 31.03 и 01.04. Тој во меѓувреме закажа и седми концерт во Сава центар.
А во склоп на турнејата ќе има концерт и во Скопје, во салата Јане Сандански, кој на 10 дена пред одржувањето е скоро распродаден.