„Би те одвела кај тебе дома“ – Обожавателка на Јаков Јозиновиќ флертува со него пред цела публика (видео)

„Дали имаш девојка?“ - го праша таа Јаков на микрофон, а тој рече: „Немам, и што ќе правиме сега? Каде би ме одвела на дејт?“, на што девојката одговори: „Би те одвела кај тебе дома“ - вирално се споделува забавно видео од концертот на Јаков, каде флертува со девојка од публика. 

bi-te-odnela-kaj-tebe-doma-na-dejt-obozhavatelka-na-jakov-jozinovikj-flertuva-so-nego-pred-cela-publika-video-01.jpg

Јаков Јозиновиќ во текот на својата турнеја, изминатиот период одржа повеќе концерти во Белград, a месецов ќе ја забавува и македонската публика со концерт во Скопје. 

Тој успеа да го наполни Сава центарот четирипати во само една недела, публиката го обожава, а имаше и повеќе гости од српската естрада со кои заедно ги изведуваше нивните хитови.

На секој концерт младиот Хрват има по нешто специфично и интересно, а на еден од концертите, посебен впечаток остави јавниот флерт на обожавателка.

На бината до него седи девојка, која со многу трема и солзи во очите, покажува дека носи маица со неговиот лик, a тој со својата харизма и шеги се обидува да ја опушти и ја прегрнува.

bi-te-odnela-kaj-tebe-doma-na-dejt-obozhavatelka-na-jakov-jozinovikj-flertuva-so-nego-pred-cela-publika-video-02.jpg

Јаков ја прашува зошто плаче, на што таа одговара „не знам“, а потоа ѝ го дава микрофонот за да го праша што ја интересира, на што таа без размислување вели: „Дали имаш девојка?“.

„Тоа би сакала да знаеш? Немам. И што ќе правиме сега? Каде би ме одвела ти мене ако би оделе на дејт?“ – одговара тој, додека целата публика вреска и се смее.

Нејзиниот одговор предизвика уште побурни реакции, кога му рече: „Јас би те одвела кај тебе дома“.

bi-te-odnela-kaj-tebe-doma-na-dejt-obozhavatelka-na-jakov-jozinovikj-flertuva-so-nego-pred-cela-publika-video-03.jpg

Видеото вирално се споделува на социјалните мрежи и нивниот забавен флерт стана хит.

Погледнете го видеото кое ги насмеа сите:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Се шири снимка од Јаков Јозиновиќ како се бакнува со девојка на јахта – гласини дека е Џејла Рамовиќ... Вирално се шири снимка која Јаков ја сподели на Инстаграм Стори, па ја избриша -...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...

Најчитани неделава