Васил Гарванлиев со емотивна исповед: „Моето семејство беше депортирано од САД и изгубивме сè“
- Детали
- петок, 17 април 2026
„Мојата фамилија беше депортирана, јас бев малолетен, така што искрено не ни знаев што се случува. Добив писмо - Драг Васил, на таа и таа дата појави се во овaа канцеларија со куфер од 20 килограми да бидеш депортиран назад во Македонија“, вели Васил Гарванлиев за најтрауматичниот миг во животот. Toj сега живее во САД со сопругот.

Васил Гарванлиев уште како дете доживеа голема слава со детската песна „Марионка”, а до денес има настапувано со Селин Дион, Карол Г, Р. Кели, Давид Фостер...

Но, судбината си поиграла неколку пати со него, оставајќи го на милост и немилост.

Во животот не му било лесно, а низ што поминал за да биде она што е денес, зборува во подкастот „Марија во Америка“.

Талентираниот музичар емотивно се отвори за депортацијата на неговото семејство од САД.
Марија му вели на Васил:
„Доаѓаш овде во Америка, растеш, се развиваш и овде - пак од почеток, но се случува крах и се случува да треба да мораш пак да се вратиш и не по твоја вина...“

Васил одговара:
„Во 2003-та година мојата фамилија беше депортирана, јас бев малолетен, така што искрено не ни знаев што се случува.

Добивме писмо - Драг Васил, на таа и таа дата појави се во оваа канцеларија со куфер од 20 килограми да бидеш депортиран назад во Македонија.
