Ја нарекуваат српската Парис Хилтон, снаа ѝ беше Карлеуша – Која е кумата на Мелина Џиновиќ, која утре ќе се мажи во Монако?
- Детали
- петок, 17 април 2026
Наследничка е на познато и имотно семејство, па затоа и ја нарекуваат српската Парис Хилтон, нејзиниот брат беше 3 месеци во брак со Карлеуша, сака мода и важи за стилска дама - што знаеме за Гордана Кариќ, кумата на Мелина (екс Џиновиќ), која ќе ја венча со 22 години постариот милионер во Монако?

Денес српските медиуми се преплавени со веста дека Мелина Галиќ, поранешната сопруга на Харис Џиновиќ, викендов ќе прави свадба со британскиот бизнисмен Џефри Пол Арнолд Деј (70).

Српските медиуми пишуваат дека тој е постар од неа 22 години, но веќе подолг период живеат заедно во Монако, каде што и ќе се случи луксузната венчавка.

Мелина по вторпат ќе го изговори судбоносното ДА во општина, а прославата се претпоставува дека ќе биде во луксузен хотел или на јахта.

Нејзината кума беше забележана на аеродром додека го чека својот лет кон Монако, а станува збор за Гордана Кариќ, модна дама и лице познато во високите кругови.
Таа е ќерка на Славица и Сретен Кариќ, а важат за едно од најпознатите српски семејства, кои со децении биле вклучени во секаков тип на бизниси и професии, па полека но сигурно стигнале до успех.

Тие беа во брак 40 години, до смртта на Сретен во 2017-та, а освен Гордана, имаат уште три сина, од кои едниот е Бојан, поранешниот сопруг на Јелена Карлеуша со кого пејачката се разведе по само 3 месеци.
фото: YouTube скриншот
Што друго е познато за кумата на Мелина, Гордана Кариќ?
- Родена е во Пеќ, каде што и пораснала, а на 8-годишна возраст ја напуштила Србија заради работни обврски на родителите.
- Живеела во Никозија и во Лондон, каде што се школувала, а благодарна е што имала можност да учи надвор од Србија.

