Пред Пријовиќ, Филип Живојиновиќ беше свршен со тогаш 19-годишната Софија Мило - зошто им прекина љубовта?
- Детали
- сабота, 02 мај 2026
„Мајка ми на почетокот беше скептична, но кога го запозна, се воодушеви бидејќи тој е многу фин и паметен“, изјави своевремено познатата манекенка за љубовта со посинокот на Лепа Брена.

Филип Живојиновиќ, посинокот на Лепа Брена, отсекогаш важел за голем заводник.
На неговиот шарм „паднаа“ многу познати жени - актерки, пејачки, спортистки, но само Александра Пријовиќ успеа да го „скроти“, па го одведе пред олтар, каде што ѝ се заколна на вечна љубов.

Но, таа не е единствената жена со која Филип имал намера да го помине животот.
Долго пред да ја запознае Пријовиќ, тој беше свршен со уште една позната српска убавица - манекенката Софија Милошевиќ (позната како Софија Мило).

Софија и Филип почнаа врска во 2009 година, но брзо потоа тој замина во Хјустон на колеџ, а Софија почнуваше кариера во модните престолнини Милано, Њујорк и Париз.
„Нè запозна заеднички пријател. Потоа некое време се гледавме, па ‘се смувавме’.
Додека беше тука, цело време го поминувавме заедно, па ни се чинеше дека сме заедно многу подолго отколку што навистина бевме“, изјави пред многу години Софија за нејзината љубов со Филип.

Врската им била толку силна, што тие си ги запознале и родителите, а Филип многу ѝ се допаднал на мајката на Софија.
„Мајка ми на почетокот беше скептична, но кога го запозна, се воодушеви бидејќи тој е многу фин и паметен“, изјави тогаш Мило.

Во 2010-та тие се свршија - во тоа време Софија имала 19 години. А далечината, барем на почетокот, не влијаела на нивните чувства.
„Искрено, мислев дека чувствата ќе се променат кога тој ќе оди во Америка, особено затоа што веќе имав една врска на далечина.
Но, сфативме дека нашата врска е силна и дека се сакаме. Планирам да одам кај него“, рекла тогаш во интервју манекенката.

Но, нивната младешка љубов брзо завршила зашто токму далечината ги оладила нивните чувства.
Филип својата среќа ја пронајде покрај Александра Пријовиќ, со која има две деца, синот Александар и ќерката Арија.

Софија, пак, е во брак со српскиот фудбалер Лука Јовиќ, со кого има два сина.

А. Ј. | Црнобело
