Александра Пријовиќ: „Дома постојано нешто работам, но навистина не знам ништо да зготвам“
- Детали
- недела, 25 јануари 2026
„На моја голема радост, Филип го наследил талентот за готвење од татко му, така што тој готви кај нас дома“, вели пејачката и признава дека некои домашни активности не ѝ одат баш од рака.

Александра Пријовиќ со години е во љубов со Филип Живојиновиќ и заедно имаат две деца, синот Александар и ќерката Арија.

Но, и покрај семејниот живот, таа искрено вели дека некои домашни активности не ѝ одат баш од рака, а една од нив е готвењето.

Пејачката искрено признава дека повеќе би нарачала оброк или би посетила некој омилен ресторан, отколку да застане покрај шпоретот.
Таа вели дека уживањето во готвењето им го препушта на другите, па најчесто дегустира специјалитети што ги подготвуваат професионалци или нејзиниот сопруг Филип.
Александра за обврските во домаќинството вели:
„Дома постојано нешто работам, секогаш средувам и подредувам, но од мене никој нема да се најаде.
Навистина не знам ништо да зготвам.
Можеби некогаш ќе добијам желба да научам да готвам“.

Александра вели дека нејзиниот сопруг Филип го наследил кулинарскиот талент од својот татко.
„На моја голема радост, Филип го наследил талентот од татко му, така што тој е тој што готви кај нас дома.
Освен во кујната, Филип е максимално ангажиран и околу децата“.

Kликнете на видеото како Пријовиќ се подготвува пред концерт:
Прочитајте и „Остави едномесечно бебе дома“ - Александра Пријовиќ ги подели мислењата со појавувањето на забавата на Наташа Беквалац
С. С. | Црнобело