„Остави едномесечно бебе дома“ - Александра Пријовиќ ги подели мислењата со појавувањето на забавата на Наташа Беквалац
- Детали
- среда, 22 октомври 2025
„Каде се тука мајчинските чувства кога оставила едномесечно бебе цела ноќ на грижа на друг? Навистина не го разбирам тоа мајчинство! Бебето има само месец и пол... Што им е на мајките!“, гласи еден од осудувачките коментари.

Александра Пријовиќ се појави на промоцијата на новиот албум на Наташа Беквалац.
Таа се породи пред нешто повеќе од еден месец и на свет ја донесе ќерката по име Арија, a нејзиниот 6-годишен син доби сестричка.
Александра го најави своето враќање на естрадата, а ова, како и нејзиното појавување на оваа забава поттикнаа лавина од поделени мислења.
Пријовиќ најави: „Наскоро ќе се дружиме, ако не сега, тогаш за Нова Година...“
Таа се одлучи за црн аутфит и на прашањето од еден српски новинар: „Дали успеа да ја заспиеш Арија?“, одговори „Па, таа сега е будна...“
Дел од коментарите на Инстаграм гласат:
„Каде се тука мајчинските чувства кога оставила едномесечно бебе цела ноќ на грижа на друг?
Навистина не го разбирам тоа мајчинство! Бебето има само месец и пол... Што им е на мајките!“

„И јас истото го помислив. Тоа е благослов од Бога - бебето и мајката да бидат заедно, барем додека е многу мало.
А и убаво е мајчинството, да си покрај малото ангелче. Тие нема вечно да бидат бебиња…
И на крајот да додадам - таа не е некоја за сожалување, нема да не преживее или да биде приморана да работи. Не страда таа за пари.
Таквите само кариерата ги интересира. А таа веќе има кариера, ќе заработи, млада е уште“.
Но, на страна од овие има и многу позитивни кои велат дека Александра е божица, изгледа одлично и едвај чекаат да се врати на сцената.
Кој е вашиот став?
Повеќе фотографии од Александра (на стрелката десно):
Кликнете на видеата:
С. С. | Црнобело