Наташа Беквалац откри зошто ги извадила силиконите од градите: „Се оперирав од здравствени причини“
- Детали
- сабота, 18 октомври 2025
„Првото нешто што го помислив кога сè заврши, беше: „Здрава сум“, а потоа, кога сè беше во ред со здравјето, како и секоја жена, почнуваш да размислуваш за естетскиот дел. Мислев дека многу потешко ќе го поднесам мојот нов изглед“, искрено вели Наташа Беквалац.

Наташа Беквалац пред неколку месеци направи операција на градите и ги извади силиконите.

Тогаш кратко ги извести фановите за одлуката, но сега, промовирајќи го својот нов албум и гостувајќи по разни српски ТВ емисии, подетално проговори на оваа тема.

Наташа Беквалац вели:
„Можеби ќе зборував за оваа тема и многу порано, на начин што сигурно ќе им помогнеше на жените што се нашле во слична ситуација како и јас, ако не бев толку изненадена од начинот на кој некои медиуми ја претставија целата приказна.

Пристапот беше неадекватен, особено кога станува збор за една жена.
Тоа не треба да биде сензација, туку секојдневие кога се работи за женското здравје, и таа тема бара соодветен пристап.

Градите ги оперирав од здравствени причини. Во мојот случај, не се поставуваше прашањето дали треба или не да ги извадам силиконите, бидејќи здравјето е приоритет и немаше дилема дали тоа треба да се направи.
Првото нешто што го помислив кога сè заврши, беше: „Здрава сум“, а потоа, кога сè беше во ред со здравјето, како и секоја жена, почнуваш да размислуваш за естетскиот дел.

Мислев дека многу потешко ќе го поднесам мојот нов изглед, како и изгледот на градите, отколку што навистина го поднесов.
Искрено, го прифатив тоа многу убаво, лесно. Себеси си се допаѓам со моите природни и мали гради“.

На прашањето дали размислува повторно да прави операција на градите, таа вели:
„Сега не можам да ти кажам, бидејќи постојано менувам мислење. Никогаш не кажувај никогаш, не знам што ќе донесе времето.
Искрено, можам да ви кажам дека сега се чувствувам прекрасно во своето тело и навистина сум добро“.



С. С. | Црнобело