Наташа Беквалац ги извади силиконите и ги покажа своите гради: „Ослободете се од сè што веќе не е ваше - јас го направив тоа“
- Детали
- понеделник, 21 јули 2025
„Драги жени, ние не сме нашите гради, задникот, косата, кожата, ние сме енергија, вибрации, љубов. Ослободете се од сè што веќе не е ваше, отфрлете сè што ве стега и боли - јас го направив тоа“, напиша пејачката откако во јавноста се појави без силиконите.

Новосадската Барби, како што ја нарекуваат Наташа Беквалац, ги извадила силиконите од градите, кои ги имаше од своите дваесетти години.
Пејачката која во интервју откри дека ако за нешто жали во животот, тоа е што ставила силикони, реши да се врати на природниот изглед.
Па откако краток период беше повлечена од јавноста, таа деновиве ги имаше своите приви настапи, а на кој фустаните ги носеше без градник.

Под тенкиот материјал на припиените фустани, можеа да се видат малите, природни гради на Наташа.
Иако многумина се пошегуваа дека таа заборавила да облече градник за настапот, Наташа гордо ги истакна, велејќи дека сега е повторно своја.

„И вака, веќе 25 години со вас ги поминувам сите фази од животот, секој пад, секој успех, падови и бродоломи, и повторно станување.
Зад мене е период кој не беше лесен и одлучив да го поминам сама и во тишина.
Ви благодарам за вашите прекрасни пораки и што се грижите, секогаш се чувствував безбедно и бев на сигурно.

Сега сум супер, се чувствувам добро, силно, стабилно. Драги мои жени, ние не сме нашите гради, задникот, косата, кожата, ние сме енергија, вибрации, љубов и сè што нè довело до тоа да бидеме жени какви што сме денес.
Ослободете се од сè што веќе не е ваше, отфрлете сè што ве стега и боли. Јас го направив тоа.
Се подготвувам за нова фаза од мојот живот и едвај чекам да чуете за тоа. Растеме заедно“, напиша Наташа.
Погледнете го видеото од нејзиниот настап:
Погледнете повеќе фотографии:






А. Ј. | Црнобело