Само Наташа Беквалац може вака да честита роденден: „Tи испаднало ‘стомачиштето’, ми ја уништуваш кариерата“

„Тeмата љубов одамна не е присутна во мојот живот, немам поим ни што треба да има, ни што треба да нема еден маж“, вели Наташа Беквалац на прашањето како треба да изгледа совршениот маж за неа, а потоа продолжи со шегите.

samo-natasha-bekvalac-mozhe-vaka-da-chestita-rodenden-so-izlezeno-stomachishte-i-kopche-shto-vaka-stoi-01.jpg

Наташа Беквалац е позната по добрата смисла за хумор, па сега на духовит начин му го честиташе роденденот на својот долгогодишен пријател и менаџер Саша Васиќ.

Ваква честитка дефинитивно може да смисли само таа.

samo-natasha-bekvalac-mozhe-vaka-da-chestita-rodenden-so-izlezeno-stomachishte-i-kopche-shto-vaka-stoi-08.jpg

Иако најчесто се шегува на своја сметка, овојпат пејачката шеговит коментар упати кон Саша, со нивна заедничка фотографија.

„На овој млад господин денес му е роденден. Мојот менаџер, ми ја уништува кариерата веќе повеќе од една деценија.

Среќен роденден, да те малтретирам вака засекогаш, па што ни даде Бог.

samo-natasha-bekvalac-mozhe-vaka-da-chestita-rodenden-so-izlezeno-stomachishte-i-kopche-shto-vaka-stoi-04.jpg

Нека ти е со среќа, а среќата не е вреќа полна со пари.

Инаку, многу ми е жал што на фотографијата ти испаднало ‘стомачиштето’ и што копчето така стои, ама подобра фотографија немаме“.

Меѓу Наташа и нејзиниот менаџер постои искрено пријателство и соработка која трае со години.

samo-natasha-bekvalac-mozhe-vaka-da-chestita-rodenden-so-izlezeno-stomachishte-i-kopche-shto-vaka-stoi-02.jpg

Наташа на прашањето за нејзиниот љубовен живот и што треба да поседува еден маж за да ја освои, неодамна за српските медиуми искрено проговори:

„Таа тема одамна не е присутна во мојот живот, немам поим ни што треба да има, ни што треба да нема еден маж.

Му дозволувам на животот да го донесе своето, а јас многу верувам во животот, верувам дека ако си добра и благородна личност, такви работи и ти се случуваат.

Не мора да биде само таа сфера, животот е спектар од теми, тоа е само едно мало прашање кое ги окупира жените, но не и жените како мене, барем не повеќе“.

На Беквалац очигледно ѝ годи статусот сингл бидејќи на новите фотографии блеска повеќе од кога било и интензивно работи на промоција на нејзините нови песни.

Повеќе фотографии од неа:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Наташа Беквалац искрено за бившите: „Би му се вратила на Данило ако морам, а најмногу го повредив вт... „Не се радувам на ниту еден развод но драго ми е што сме изедначени“ – се пошегу...
Наташа Беквалац без влакна на јазик: „Би била интимна со Саша Ковачевиќ, да не му ја познавам сопруг... „Ако на Саша Ковачевиќ не му ја познавав жената, можеби евентуално би одбрала се...
Наташа Беквалац за односот на ќерките со нејзините бивши сопрузи: „Три пати се разведов, но моите де... „Три пати се разведов, а ниту едно од моите деца никогаш не слушнало висок тон, ...
Сестрата на Наташа Беквалац со смела фотка од плажа: „Се помислив дали на 40 години треба да објавам... Откако Кристина Беквалац објави провокативна фотка од плажа со долга мотивациска...
Гените се чудо: Ќерката на Наташа Беквалац ја надмина мајка си со убавината „Каква мајка, таква ќерка“, важи во случајот на Наташа Беквалац и нејзината ќерк...

Најчитани неделава