Сопругот ја изневери, па ѝ даваше 3.000€ месечно - Која e српската водителката што доби најголема алиментација во земјата?
„Да бидам искрена, немав чувство дека сум изневерена во мојот брак. Потоа имав искуство близу до смртта, имав операција каде што ми беше вграден стент во мозокот и тоа беше моментот кога бев најслаба во мојот живот и многу тешко го поминав тоа.
Не ми беше лесно што медиумите дознаа за тоа, за неверството и за операцијата.
Но, тој недостаток на поддршка, емоционална и психолошка, за кој толку многу се пишуваше низ медиумите, за мене беше тортура.

Во моменти кога тоа веќе не ти е важно, водиш кризен ПР. Тоа беше многу лошо искуство за мене и беше медиумска тортура.
Денес е нормално, денес е секојдневна тема.
Но, мене тогаш ми беше срам што се пишува за тоа, за мене“ - рече Снежана Дакиќ во едно интервју.

И додека водителката се грижела за здравјето и за ќерката, која тогаш имала околу 8 години, нејзиниот сопруг почнал да се гледа со друга жена.
„Не мислам дека го осуетив како маж со тоа што се посветив на детето, туку очигледно нему му недостасуваше повеќе внимание, па затоа очигледно барал љубов на друго место.
И, за мене, тоа е сосема легитимно, во ред е. Но ако придонесов, а секако придонесов за тоа, се запрашав дали сакам да продолжиме заедно, а не сакав.
Повеќе немав чувство дека треба да продолжиме да бидеме партнери на тој начин, а кога го осознав тоа, престанав да се замарам, зашто знаев дека нешто завршило... а тоа се совпадна со тоа што мојот живот беше во опасност“, кажала водителката.

По ова почнаа и шпекулациите дека Владимир на Снежана и на својата ќерка ќе им го остави станот во Нов Белград, каде што живееја заедно.
Исто така, медиумите тврдеа дека бизнисменот плаќал месечна алиментација во износ од 350.000 динари, што е малку помалку од 3.000 евра месечно.
Според законот, Лаура имала право на алиментација до своето полнолетство, односно тоа може да продолжи до нејзини 25 години, ако е редовна студентка.

А. Ј. | Црнобело