Сопругот ја изневери, па ѝ даваше 3.000€ месечно - Која e српската водителката што доби најголема алиментација во земјата?
- Детали
- недела, 26 април 2026
„Очигледно нему му недостасуваше повеќе внимание, па затоа очигледно барал љубов на друго место. И, за мене, тоа е сосема легитимно, во ред е“, рекла во една од ретките изјави за разводот, водителката и писателка Снежана Дакиќ.

Српската водителка и писателка Снежана Дакиќ, која е една од најпопуларните во земјата, неколку години беше во брак со бизнисменот Владимир Микиќ. Од тој брак ја доби ќерката Лаура.
Парот се разведе пред речиси 10 години, а Снежана и тогаш, но и денес избегнува да зборува за својот приватен живот во медиумите.

И, според пишувањата на сроските медиуми, таа е една од жените кои добиле најголема месечна алиментација по разводот.
Таа неколкупати одговорила на прашањата на своите помлади колеги поврзани со разводот и приватноста, но најчесто одбива да зборува на приватни теми за да ја заштити својата ќерка.
Снежана и Владимир се венчаа во 2005 година, а нивни кумови беа легендарниот српски фудбалер Драган Стојковиќ - Пикси и неговата сопруга Снежана.

Една година по свадбата, водителката ја роди ќерката добија ќерката Лаура, која наскоро ќе полни 20 години.
Но, во 2014 година, по скоро една деценија брак, во медиумите се појави информација дека парот се разведува, а тие наведоа бројни несогласувања како причина на разводот.

Но, подоцна Снежана Дакиќ еднаш откри дека една од причините за пропаѓањето на бракот е неговото неверство.
Таа раскажа дека сопругот наводно ја изневерил во време кога таа се борела со голем здравствен проблем.
