Мелина го затвора бутикот во Белград, Харис Џиновиќ ја запозна идната снаа - Продолжува драмата на бившите сопружници
- Детали
- петок, 24 април 2026
„Милионерот на Мелина не жали ништо кога е таа во прашање. Многу е влијателен во Монако, има бројни успешни пријатели на разни позиции и контакти, па преку своите врски ѝ помогна да отвори бутик во една концептуална продавница и наскоро почнува со работа“, вели пријател на Мелина, која се омажи минатиот викенд.

Пејачот Харис Џиновиќ и неговата поранешна сопруга Мелина Галиќ, во последниов период се постојано во медиумите, особено откако таа се омажи за милионерот Џефри Пол Арнолд Деј (70) во Монако.
Од приказни за почетокот на нивната љубов, преку детали за предбрачниот договор, односот со децата - во медиумите периодов може да се прочита сè за нив.

Мелина не дава јавни изјави, но затоа Харис не пропушта прилика да ја исмее некогашната сопруга пред новинарите, а со тоа да ја продолжи и драмата која ги следи од моментот кога се дозна дека веќе не живеат заедно и ќе се разведуваат.
„За нејзината свадба немаше да пишувате дека е гламурозна и луксузна ако таа не беше Џиновиќ“, изјави тој веднаш по венчавката.

Брзо потоа во јавноста се дозна дека Мелина воопшто не го поканила синот Кан на венчавката, бидејќи тој застанал на страната на својот татко по разводот, а ќерката Џина, пак, иако е многу блиска со Мелина, наводно доцнела и го пропуштила самиот чин на венчавање.
Кан, пак, кој веќе некое време ужива во љубовта со девојката, чиј идентитет го крие, ја запознал со неговиот татко.
Харис со синот Кан
„Мојот син знае каква е снаата, јас ја запознав, фина е и убава девојка. Не сум агенција за давање љубовни совети, да можев ќе си ги дадев самиот на себе, но ако тој побара помош од мене, ќе добие.
Јас бев сосема поинаков на негови години. Тој е фино дете, и имаме една заедничка работа, а тоа е љубовта кон спортот“, рекол Харис.
